Успешно одржана прес-конференција за започнување на проектот „Прекугранична атрактивност – смарт туризам во регионот Ќустендил – Крива Паланка и Невестино“

Успешно одржана прес-конференција за започнување на проектот „Прекугранична атрактивност – смарт туризам во регионот Ќустендил – Крива Паланка и Невестино“

На 29 април 2025 година, во Советничката сала на Општина Крива Паланка, се одржа прес-конференција по повод отпочнувањето на новиот проект „Прекугранична атрактивност – смарт туризам во регионот Ќустендил – Крива Паланка и Невестино“, финансиран од Европската Унија преку Програмата за интеррегионална прекугранична соработка.

Проектот се реализира во партнерство помеѓу:
• Општина Ќустендил
• Центар за развој на третиот Североисточен плански регион
• Општина Невестино
• Трговско-индустриска комора Ќустендил
• Национална установа – Музеј Куманово

Главната активност во рамките на проектот е изградба на адреналински парк на локалитетот Калин Камен – прв ваков објект во целиот североисточен регион на државата. Овој парк ќе понуди иновативни авантуристички, спортски и рекреативни содржини во природна, планинска средина, поставувајќи го Калин Камен како идна атрактивна целогодишна туристичка дестинација.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, во своето обраќање ја истакна важноста на проектот за развојот на туризмот и локалната економија, а истовремено се заблагодари на сите партнери и на Европската Унија за поддршката и можноста за прекугранична соработка.

Присутни на настанот беа и:
• Заменик-градоначалникот на Општина Ќустендил, кој упати поздравен говор и изрази поддршка за заедничките иницијативи;
• Директорот на Центарот за развој на Североисточен плански регион, кој исто така се обрати пред присутните, потенцирајќи ја важноста на прекуграничните проекти за регионалниот развој.

Со реализација на овој проект, Општина Крива Паланка потврдува дека е лидер во привлекувањето и имплементирањето на европски средства за унапредување на локалниот развој, за подобар живот на граѓаните и за зајакнување на туристичкиот капацитет на регионот.

Font size
Contrast