Општина Крива Паланка ги известува родителите чиишто дечиња годинава треба за првпат да тргнат во училиште, дека во текот на месец мај започнува уписот на првоодделенчиња во основните училишта „Илинден“ и „Св.Јоаким Крчовски“ на територијата на Општина Крива Паланка.
Општина Крива Паланка доделува и еднократна парична помош од 3 000 денари на сите семејства со запишано прваче во основните училишта во Крива Паланка во учебната 2025/2026 година, врз основа на донесена Одлука на Совет со бр.09-534/3 од 31.01.2025 година.
Потребните документи за аплицирање за овие финасиски средства се наведени во Барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче, за учебната 2025/2026 година, кои треба да се достават до архивата на Општина Крива Паланка.
Линк за Барање за доделување еднократна парична помош на семејства со прваче:
- Крајниот рок за аплицирање е до 15.09.2025 година.