Компанијата Тексомак е колективен постапувач со текстилен отпад со која општина Крива Паланка пред извесно време потпиша Договор за соработка и спроведување на соодветни активности на подрачјето на општината.
Тексомак е компанија што едуцира,промовира координира и воспоставува инфраструктура и систем за селективно собирање, сортирање и рециклирање на текстилен отпад .
Оваа компанија мошне сериозно започна да ги спроведува утврдените активности во општина Крива Паланка согласно договорот, така да по спроведените едукативни работилници со младите од училиштата и градинките,како и промотивните состаноци со текстилните компании и комуналното претпријатие од општината достави и четири соодветни контејнери за собирање на текстилен отпад.
Граѓаните ги поздравија овие активности и за само пет дена два пати ги наполнија овие контејнери . Контејнерите за почетокот ќе бидат мобилни и на неделно ниво ќе ги менуваат локациите за кои навремено ќе бидат информирани со цел да бидат опфатени поголем број на граѓани кои сакаат соодветно да го одложат својот текстилен отпад.