Акцијата која ја спроведува Општинската инспекциска служба во соработка со МВР- Сектор Сообраќај ПС ОН Крива Паланка и операторот за отстранување на отпадни возила успешно се реализира на подрачјето на општината.
Во првите десет дена од почетокот на акцијата од означените 26 возила, се отстранети 19 возила. Против 7 сопственици на означени отпадни возила ќе отпочне поведување на соодветна управна постапка ,а возилата по истекот на административниот рок за отстранување ,извршно ќе бидат отстранети од операторот ДУО Греен Роад Дооел од Скопје со кој општината има склучено соодветен договор.
Инспекциската служба при контролниот увид констатира дека кај три возила се изгребани службените инфо налепници. Се извстуваат несовесните лица дека тоа е службен документиран доказ чие оштетување е казниво , но исто времено им се укажува дека со тоа нема да ја запрат или да ја одолговлечат постапката, бидејки секое возило се фотографира и снима со налепниците и времето кога се истите поставени од страна на МВР и инспекциската служба.
Акцијата е во согласност со Законот за управување на посебни текови на отпад (Сл. Весник на РСМ бр.216 и 195/22) и член 63 од Закон за безбедност на сообраќајот како и согласно насоките и упатството од Министерството за животна средина.
Во текот на оваа недела ќе бидат означени уште 15 возила кои треба да бидат отстранети.
Општина Крива Паланка по втор пат апелира сите граѓани кои се сопственици на вакви отпадни моторни возила, а истите се оставени на јавна површина да ги дислоцираат односно отстранат во најкус можен рок . Нефункционални возила единствено може да бидат чувани и оставени во рамки на дворни места во приватна сопственост.