Информација  за јавниот повик за субвенционирање на студенти за набавка  на дигитални уреди 

Согласно член 4 од Правилникот за уредување  на условите, начинот и постапката за користење на финасиски средства од Буџетот на Општина Крива Паланка, за субвенционирање на студенти жители на општина Крива Паланка за купување на дигитален уред,  Општина Крива Паланка ја информира јавноста дека согласно Одлуката за определување на максимален износ на финансиски средства за доделување на поединечна субвенција за студенти за купен дигитален уред за учебната/академската 2022-2023 година, има преостанати средства за оваа немена, а пристигнати и одобрени се вкупно 2 Барања.

Право на субвенционирање на дел од средствата за купување на дигитален уред имаат  студенти од прва година, со адреса на живеење на подрачјето на општина Крива Паланка, кои ги исполнуваат следните услови:

–              да спаѓаат во категоријата на млади дефинирани во член 3 од Законот за младинско учество и младински политики („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.10/20);

–              да студираат на јавните и приватните универзитети и високо образовните установи во Република Северна Македонија;

–              да се редовни студенти;

–              да не повторувале година во студирањето;

–              да имаат положено 70% од предвидените испити за првата студиска година

Барателот е должен да ја поднесе следната документација за потврда на исполнувањето на условите за добивање на финансиски средства:

–              барање за финансиски средства (барањето може да се подигне во Архивата на Општина Крива Паланка или да се обезбеди од интернет страницата на Општината www.krivapalanka.gov.mk);

–              потврда за редовен студент;

–              уверение за положени испити и УППИ образец;

–              фотокопија на важечка лична карта или патна исправа на барателот;

–              фотокопија од активна трансакциска сметка на барателот/примач на средствата;

–              доказ дека е извршено купување на дигитален уред на територијата на Република Северна Македонија со прилагање на оригинал фискална сметка или фактура заедно со извод од соодветна деловна банка, сметајќи го периодот на запишување во првата студиска година на барателот;

Повикот ќе трае од 01 јуни до 30 септември а сите млади студенти кои ги исполнуваат условите од повикот можат да достават Барање  до Архивата на Општина Крива Паланка

Линк до целиот јавен повик https://www.krivapalanka.gov.mk/novosti/33640

                                                                                                                                                ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

Големина на фонт
Контраст