Продолжување на лиценца и извод од лиценца за вршење на авто такси превоз на патници

Вид - Име на услугата
Продолжување на лиценца и извод од лиценца за вршење на авто такси превоз на патници
Потребни документи
  1. Барање до Општина Крива Паланка, Одделение за урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина -готов образец во ОЦУ –кој граѓанинот го пополнува
  2. Уплатница -150 денари за направени трошоци за лиценца и извод од лиценца, за секое возило поединечно, на сметка на буџетот на Општина Кр.Паланка , ж.см .738014050963016 пр.шифра 72593900
  3. Уплатница за платена административна такса во износ од 3000 ден за лиценца и 600 ден. за извод од лиценца за секое возило поединечно, на сметка на буџетот на Општина Кр.Паланка , ж.с. 738014050963016 пр.шифра 725939
  4. Уплатница – 2400 денари за платен надоместок за користење на авто-такси стојалиште за тековната година уплатна сметка 84013803322 пр.шифра 71713600, за секое возило поединечно
  5. Копија од решението за упис во централен регистар со приоритетна дејност/главна приходна шифра (такси служба) вршење на превоз на патници и стока во патниот сообраќај вршење превоз на патници – тековна состојба од Ц.Р. (се прибавува по службена должност)
  6. Потврда дека не е во сила правосилна судска одлука за кривично дело против имотот, стопанство или безбедност во јавниот сообраќај и правосилна судска пресуда за други казниви дела со затворска казна подолга од една година за правното лице и одговорното лице во правното лице односно физичко лице кое сака да извршува превоз во патниот сообраќај (се прибавува по службена должност).
  7. Копија од сертификатот за професионална компетентност за управителот на фирмата, односно овластено лице во редовен работен однос, освен за трговец поединец кој врши авто такси превоз со едно возило
  8. Копии од М1/ М2 образец за вработените возачи (се прибавува по службена должност).
  9. Доказ дека превозникот е сопственик или договор за лизинг на едно или повеќе возила за вршење на авто такси превоз на патници ( копија од сообраќајна дозвола од такси возилото во сопственост на превозникот на ДОЕЛ и на ТП на име на фирма или на лизинг)
  10. Доказ дека во возилото со кое се врши авто такси превоз има вграден фискален апарат – Решение за податоци на фискален систем опрема (се прибавува по службена должност).
  11. Доказ дека во возилото има исправен, пломбиран и баждарен таксиметар- Сертификат за верификација на мерило од Биро за метрологија, Министерство за економија
  12. Доказ дека превозникот поседува опрема за комуникација со такси возилата
  13. Список на таски возила и возачи (Образец 1)
  14. Копија од сертификат за авто такси возач
  15. Копија од потврда за исполнетост на посебните техничко експлоатациони услови, издадена од станица за технички преглед на моторни возила, за секое возило поединечно – (напомена: во оценка за исполнување услови да стои од членовите 3,4 и 26 од Правилникот за посебните техничкоексплоатациони услови „Службен весник на РМ“ бр. 212/2015)
Административна такса

Административна такса за лиценца
Износ: 3000 денари и 600 ден. за секое возило поединечно
Сметка: 100000000063095
Уплатна сметка: 738014050963016
Приходна шифра: 725939
Примач: трезорска сметка, Буџет на Општина Крива Паланка
Банка на примач: НБРМ
Цел: издавање на лиценца за вршење на авто такси превоз на патници

Други надоместоци
Надоместок за користење на такси стојалишта
Износ: 2400 денари
Сметка на буџетски корисник 840 138 03322
Приходна шифра: 71713600
Примач: трезорска сметка, Буџет на Општина Крива Паланка
Банка на примач: НБРМ

 

Прием на барањето

Општински  центар за услуги (ОЦУ) – архива

Место на реализација

Одделение за урбанизам, сообраќај и  заштита на животна средина од 08:30 – 15:30 часот

Рок на реализација

Во рок од  30 дена од денот на приемот на барањето

Начин на доставување на услугата / документот

На начин кој барателот го има наведено во барањето и тоа:
– ЛИЧНО ПОДИГАЊЕ ОД СТРАНА НА ПОДНОСИТЕЛОТ
– ПО ПОШТА

Рок на жалба

8 дена од денот на приемот на решението

Законски основ

Закон за превоз во патниот сообраќај, член 8 („Службен весник на Република Македонија“ бр. 68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14, 112/14, 166/14, 44/15, 97/15, 124/15, 129/15, 193/15, 37/16, 71/16, 64/18, 140/18 и 163/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19 и 67/22)

Забелешка

Образецот/ барањето може да се симне и од web страната на Општината  www.krivapalanka.gov.mk

Големина на фонт
Контраст