Јавен повик за надоместување на дел на трошоците на студентите запишани на додипломкси студии од прв циклус со адреса на живеење на подрачјето на oпштина Крива Паланка за набавка на дигитален уред за учебната/академска 2023 – 2024 година

Врз основа на член 4 од Правилникот за уредување на условите, начинот и постапката за користење на финасиски средства од Буџетот на општина Крива Паланка за субвенционирање на студенти жители на општина Крива Паланка за купување на дигитален уред („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр.1/24), Одлуката на Советот на Општина Крива Паланка за определување на максималниот износ за определување на поединечна субвенција за студенти за купен дигитален уред за учебната/академска 2023 – 2024 година, број 09-95/9 од 12 јануари 2024 година („Службен гласник на Општина Крива Паланка број 1/24) а согласно ПРОГРАМАТА ЗА МЛАДИ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА ЗА 2024 Општина Крива Паланка објавува

ЈАВЕН ПОВИК
за надоместување на дел на трошоците на   студентите  запишани на додипломкси студии од прв циклус со адреса на живеење на подрачјето на oпштина Крива Паланка за набавка на дигитален уред за учебната/академска 2023 – 2024 година

Општина Крива Паланка, со цел да го помогне образовниот процес за студентите со адреса на живеење на територијата на општина Крива Паланка ќе изврши поврат на дел од средствата за купен дигитален уред во учебната/академска 2023-2024 година и ќе им надомести дел од трошоците во износ од 50% од вредноста на дигиталниот уред, но не повеќе од 6.000 денари во нето износ по лице.

Јавниот повик ќе трае од 01 јули до 30 октомври.За времетраењето на Јавниот повик јавноста ќе биде известувана за степенот на искористување на предвидените средства за субвенционирање на набавка на дигитални уреди, односно за преостанатите средства за таа намена. Барања ќе може да се поднесуваат и по завршувањето на Jавниот повик, доколку предвидените средства за оваа намена не бидат целосно исцрпени, но не подоцна од 30 ноември оваа година. Во случај на исцрпување на средствата пред истекот на рокот за кој е предвиден Јавниот повик Општина Крива Паланка ќе објави дека Јавниот повик е завршен преку општинската веб-странa.

Право на учество на Јавниот повик за субвенционирање на дел од средствата за купување на дигитален уред имаат студентите  запишани на додипломкси студии од прв циклус, со адреса на живеење на подрачјето на општина Крива Паланка, кои ги исполнуваат следните услови:

–           да спаѓаат во категоријата на млади дефинирани во член 3 од Законот за младинско учество и младински политики („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.10/20);

–           да студираат на јавните и приватните универзитети и високо образовните установи во Република Северна Македонија;

–           да се редовни студенти;

–           да не повторувале година во студирањето;

–           да имаат положено 70% од предвидените испити од предходните студиски години и тековната студиска година (Студентите кои студираат во јавните и приватните универзитети и високообразовните установи каде вкупниот број на предвидени испити за една студиска година е помалку од 10 (десет) испити, за критериумот да имаат положено од предвидените испити ќе се земе критериумот да имаат положено 2 (два) испити помалку од вкупно предвидениот број на испити);

– дигиталниот уред да е набавен на територијата на Република Северна Македонија во периодот на запишување на учебната/студиската 2023-2024 година;

Со одлука на Совет на Општина Крива Паланка, максималниот износ за поедничената субвенција за купен дигитален уред, се утврдува во износ од 50% од вредноста на дигиталниот уред, но не повеќе од 6.000 (шест илјади) денари во нето износ.

Едно лице – студент може да поднесе само едно барање за добивање надоместок за еден дигитален уред.

 

Начин на пријавување на Јавниот повик – документација што треба да се достави како доказ за исполнување на горенаведените услови:

  1. барање за финансиски средства (барањето може да се подигне во Архивата на Општина Крива Паланка или да се обезбеди од интернет страницата на Општината www.krivapalanka.gov.mk);
  2. потврда за редовен студент;
  3. уверение за положени испити и УППИ образец;
  4. фотокопија на важечка лична карта или патна исправа на барателот;
  5. фотокопија од активна трансакциска сметка на барателот/примач на средствата;
  6. Оригинал фискална сметка или фактура со извод од деловна банка, издадена во РСМ, со датум по запишување на акдемската/студиска 2023 – 2024 година како доказ дека е извршено купување на дигиталниот уред.
  7. изјава дека претходната година година немаат користено средства од буџетот на Општина Крива Паланка за купен дигитален уред за студенти.

 

Документацијата се поднесува во Архивата на Општина Крива Паланка, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот, во затворен плик со намена за „ Јавен повик за надоместување на дел на трошоците на   студентите со адреса на живеење на подрачјето на Општина Крива Паланка за набавка на дигитален уред за учебната/академска 2023 – 2024 година со назнака НЕ ОТВОРАЈ.

 

Начин на реализација на Јавниот повик

По објавувањето на Јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на студентите запишани на додипломски студии од прв циклус со адреса на живеење на подрачјето на Општина Крива Паланка за набавка на дигитален уред за учебната/академска 2023 – 2024 година, на веб-страницата на Општината во определениот рок студентите со пополнување Барање, вклучувајќи ја и целата потребна документација ја доставуваат во архивата на Општина Крива Паланка.

Комисијата ќе изготви предлог до Градоначалникот за донесување Решенија за исплата на финансиските средства на барателите за кои е утврдено дека ги исполниле условите цитирани во Јавниот повик според редот на пристигнатите барања, до исцрпување на обезбедените средства со буџетот на Општина Крива Паланка за 2024 година за таа намена но не подоцна од 30 ноември оваа година.

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

Правилник за купен дигитален уред за студенти 2023-2024
Изјава за не искористено право за студенти
Барање за субвенции за студенти за дигитални уреди
Одлука за вредност за купен дигитален уред за студенти 2023-2024

                                                                                                         

Големина на фонт
Контраст