Јавен повик за бесплатно летување за деца од 7 до 14 години

Врз основа на Програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2024 година на Општина Крива Паланка , Општина Крива Паланка објавува:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА БЕСПЛАТНО ЛЕТУВАЊЕ

за деца од  7 до 14 години ученици  од второ до деветто одделение во ООУ „Св. Јоаким Крчовски“ и ООУ „Илинден“ според Програмата за социјална, детска и здраствена заштита за 2024 година на Општина Крива Паланка.

 Општина Крива Паланка ги повикува сите деца кои потекнуваат од:

  1. Семејства корисници на гарантирана минимална парична помош (социјална помош);
  2. Семејства на самохран родители;
  3. Деца без родители и родителска грижа;
  4. Деца на разведени родители чии месечни примања на родителот не го надминува нето приходот од 35.000 денари;
  5. Деца од семејства со лоша финансиска состојба чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 50.000 денари.

кои ги исполнуваат критериумите наведени во овој јавен повик да достават пријава со цел стекнување на правото за користење на бесплатно летување.

Јавен повик
Пријава за деца без родители
Пријава за деца со самохрани родители
Пријава за деца на родители со примања до 35000 денари
Пријава за деца на родители со примања до 50000 денари
Пријаца за приматели на социјална помош
Програма за бесплатно летување

Големина на фонт
Контраст