Јавен повик за доделување на награда „Земјоделец/ка за 2023 година во Општина Крива Паланка“

Врз основа на член 36 став( 1) точка 15 од Закон за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.05/02) и член 14 точка 10 од Статутот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка бр.8/10, 12/10, 8/14, 2/18, 3/19, 8/21, 01/23 ,05/23, 14/23 и 15/23), Програмата за локален економски развој на општина Крива Паланка за 2023 година бр.09-5264/11 од 13.11.2023 година, Правилник за уредување на условите, начинот и постапката за доделување на наградата „Земјоделец/ка за 2023 година во Општина Крива Паланка“ бр.09-5264/13 од 13.11.2023 година, Одлука за давање согласност за доделување на награда

„Прогласување на најуспешен земјоделец/лка за 2023“ во Општна Крива Паланка бр.09-5264/15 од 13.11.2023 година.

 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДА „ ЗЕМЈОДЕЛЕЦ/КА ЗА 2023 ГОДИНА ВО ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА“

 

Почитувани,

Општина Крива Паланка објавува Јавен повик за прогласување на Земјоделец/ка за 2023 година на Општина Крива Паланка.

ПРАВО НА УЧЕСТВО:

На јавниот повик можат да се пријават физички лица со постојано место на живеење во Општина Крива Паланка кои се регистрирани или евидентирани земјоделски производители во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

ПРИЈАВУВАЊЕ:

Заинтересираните кандидати можат да поднесуваат потполнета пријава по пошта или со достава на архивата на Општина крива Паланка.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

  • Пополнета пријава
  • Решение за упис во ЕРЗС издадена од МЗШВ ПЕ Крива Паланка

Дополнителни документи:

  • Решение за регистриран примарен производител на храна – изаддена од АХВ (во случај кога ЗС е регистирано како примарен производител на храна за продажба од праг)
  • Копија од Сертификат за органско производство ( во случај кога ЗС има органско приозводство

Рокот за пријавување е 15 дена од датумот на објава на Јавниот повик или најдоцна до  30.11.2023 година  14:00 часот, по пошта или во архива на следната адреса: ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА ул.Св.Јоаким Осоговски бр.175 1330 Крива Паланка, во затворен конерт со назнака  „За ЗЕМЈОДЕЛЕЦ/КА ЗА 2023 ГОДИНА ВО ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА“. Лице за контакт: Сашко Додевски, Виш соработник за планирање и следење на локален економски развој, 075365417 електронска пошта: [email protected]

                                                                        ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
                                                                        Градоначалник,
                                                                        Сашко Митовски

Образец за пријавување
Правилник

Големина на фонт
Контраст