Општина Крива Паланка се вклучува во втората фаза на програмата РОМАКТЕД

Градоначалникот Мицевски денес оствари средба со Мерсиха Усеини и  Ѓултен Мустафова, на која беше презентирана програмата РОМАКТЕД  Фаза II.

Општина Крива Паланка почнувајќи од оваа година, заедно со уште 15 општини,  е вклучена во програмата чија основна цел е  поддршка и интеграција на Ромите на локално ниво,  како и  изградба на  политичка волја и одржлив политички ангажман на локалните власти за подобрување на демократското владеење и зајакнување на локалните ромски заедници.

Општина Крива Паланка како следен чекор  ќе потпише Меморандум за соработка, со  којшто ќе отпочне реализирањето на одредени програмски активности кои во следните четири години ќе бидат  насочени кон трите основни компонент: Одговорно буџетирање за Роми; Повратници Роми и Пост COVID 19.

Програмата е финансирана од ЕУ и Советот на Европа и имплементирана од Советот на Европа.

 

Font size
Contrast