Се поставува еластична одбојна ограда на стариот пат кон манстирот „Св. Јоаким Осоговски“

Во тек е поставување на еластична одбојна ограда на стариот пат од Мотел кон манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, кој неодамна беше реконструиран и беше поставен нов коловозен слој, нови рабници и беше подобрено одводнувањето.

Заштитната ограда се поставува на критични места на патот во вкупна должина од околу 400 метри, со што ќе се подобри сигурноста и безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Средствата за поставување на оградата се обезбедени од буџетот на општината, а работите ги изведува фирмата „Кединг“-Скопје.

 

 

Font size
Contrast