Meeting of Mayor Micevski with the director of the Emigration Agency

Градоначалникот Борјанчо Мицевски денес оствари работна средба со директорот на Агенцијата за иселеништво на  РС Македонија, Слободан Близнаковски.

На средбата стана збор за иницијативите и  можностите за соработка помеѓу Агенцијата и Општините, размената на информации, како и за локалните искуства во соработка со наши иселенчки организации.

Во оваа прилика, градоначалникот Мицевски информираше за различни иницијативи од културен аспект што Општина Крива Паланка ги има испланирано и реализирано, но поради воведувањето на  вонредните услови и ширењето на пандемијата со Ковид 19, некои од нив останаа нереализирани.

Во рамки на средбата се разговараше за потребата од унапедување на соработката со иселениците, особено во делот на промоција на локалните потенцијали и можности  за инвестиции во делот на развојот на туризмот и економските бенефити од оваа гранка, како и во делот на земјоделието и погодностите што ги има овој регион во насока на производство и пласирање на готов производ.

Директорот Близнаковски посочи дека Агенција за иселеништво превзема иницијатива за поблиска соработка со општините заради формирање на системска мрежа за собирање на информации за локални стопански капацитети и нивна промоција и презентација пред иселеничките организации во светот.

 

 

Font size
Contrast