Existing water meters are being replaced with digital ones

Општина Крива Паланка преку Министерството за транспорт и врски го реализира проектот „Замена на инсталација на мерни инструменти и нивна интеграција во мобилната мрежа за далечинско отчитување, комплетна надградба со инсталација и конфигурација на опрема за отчитување во системот за водоснабдување“. Проектот се реализира врз основа на договорот кој што го има потпишано Владата на РС Македонија со Европската инвестициона банка.

Активноста ќе се спроведува етапно по населби и сите постоечки водомери ќе бидат заменети со дигитални кои ќе овозможуваат далечинско отчитување на состојбата на месечно или годишно ниво. Со ова значително ќе се подобри увидот во евентуалните загуби на вода за пиење, постоечки дефекти на водоводната мрежа или незаконско користење на истата.

Со активноста ќе бидат опфатени околу 4.500 домаќинства, ќе се спроведува во следниве десеттина месеци, а вкупната сума на грантот е 37.922.577 денари. Имплементатор на активностите е ЈП „Комуналец“ Крива Паланка.

 

Font size
Contrast