Aсфалтирање на крак од улица Пере Тошев во населба Бегови Бавчи

Во рамките на програмата за тековно одржување на локалната улична мрежа, извршено е асфалтирање на крак од улица Пере Тошев во населба Бегови Бавчи, со што е решен долгогодишниот проблем на месното население со современ пристап до нивните домови.

Претходно на истиот крак во соработка со месното население и ЈП Комуналец извршено е санирање на дотраената канализациона мрежа.

Исто така се врши и асфалтирање и санирање на улични површини на крак од улица Партизанска-кон Домaчки Дол, а планирано е и крпење на ударни дупки на повеќе улици во градот како активност која ќе продолжи и во наредниот период.

Font size
Contrast