Отворен Извиднички музеј во Крива Паланка

Во просториите на ИО Наум Наумовски Борче – Крива Паланка, денес се одбележа 58-годишнината од формирањето на одредот и по тој повод беше пуштен во употреба и првиот Извиднички музеј во државата.

Извиднички одред Наум Наумовски Борче е формиран во 1960 од страна на група ентузијасти. Целата на здружението е да допринесе во развојот на младите, во изградбата на млада и одговорна личност преку достигнувањето на нивните потполни психовизички, интелектуални, духовни и општествени можности, како поединци и одговорни граѓани, членови на локалната и пошироката меѓународна заедница. Благодарение на залагањето и посветената работа на сите поранешни старешини, ветерани, но и сегашни членови, одредот во досегашниот период, има реализирано мноштво на акции и проекти.

Игор Анѓеловски и старешината на одредот, Свете Милановски, ги поздравија сите гости и присутни и се заблагодарија за прусиството на отварањето на првиот Извиднички музеј од ваков тип во Р. Македонија.

-Овој настан е значаен показател за желбата на извидничкиот одред, да низ едно уметничко и културно изразување, испрати јасна порака за силата и визијата на извидничкиот дух, за важноста на неговото постоење и придонесот во неговата афирмација, рече Анѓеловски.

Во ова обраќање на пруситните им беше претставена и идејата и иницијативата за оформувањето на извидничкиот музеј, како и активностите на сите поранешни и сегашни членови и старешини во процесот на  оформувањето на ваков тип на музеј.

Беше упатена и благодарност до сите локални и национални чинители кои веруваат во програма на извидниците и се подржувачи на нивните  иницијативи и активности.

На градоначалникот Борјанчо Мицевски му беше врачена Благодарница за поддршката и соработката на Општина Крива Паланка.  Во оваа пригода градиначалникот им упати  честитки  за она што во изминатиот период го правеле и што сега го прават членовите и старешините на извидничкиот одред и воедно упати надеж, дека со заеднички сили ќе градиме едно сигурно и креативно место за младите, каде што ќе имаме многу поголем број на членови и подржувачи на сите активности на одредот.

-Секогаш кога се наоѓам во опкружување на млади и успешни луѓе, како што денес се членовите на ИО Наум Наумовски Борче, кои несебично учествуваа во оформувањето на првиот Извиднички музеј и се дел од чествувањето на 58-годишнината од формирањето на одредот, верувајте дека чувствувам огромна радост и задоволство од еланот и желбата на овие млади луѓе, да дадат свој допринос и да прават нешто корисно за заедницата и општеството во кое живееме. Извидничкиот одред Наум Наумовски Борче, е еден од ретките кој ума успешна реализација на мноштво акции и проекти корисни за заедницата и ние како општина го препознавме тоа и финансиски го поддржавме одредот во реализација на свој проект, кој беше аплициран по Јавен повик за поддршка на здруженија и фондации. Општината ќе продолжи и понатаму да иницира и да ги поддржува активностите на здруженијата  кои се од наш заеднички интерес, а со кои сите ние заедно ќе можеме да се гордееме, изјави Мицевски.

Font size
Contrast