Врз основа на член 27, став 4 и став 5 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа („ Службен весник на РМ “ бр.61/04 , 96/04, 67/07, 156/09, 47/11, 192/15 и 209/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 244/19 , 53/21, 77/21, 150/21 и 173/22) и член 14 став 1 точка 4 од Статутот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 08/10 , 08/14 , 02/18 , 03/19 и 08/21), Советот на Општина Крива Паланка на 18 – та седница одржана на 22. 12. 2022 година, донесе:
БУЏЕТСКИ КАЛЕНДАР ЗА 2023 ГОДИНА НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Член 1
Можен датум |
Буџетски активности |
Одговорност |
1 Јануари | Започнува новата буџетска година. | |
Јануари | Објавување на донесениот буџет од тековната година на општинската веб страница и споделување со јавноста. | Општинска администрација |
Најдоцна до 31 јануари | Подготовка и доставување на кварталните извештаи (К1,К2 и К3) за 4 квартал од претходната година со образложение за извршување на буџетот до Министерство за финансии и Совет на општина. | Градоначалник, Сектор/Одделение за финансиски прашања |
15 дена по истекот на секој месец | Месечни извештаи на општинските буџетски единки до општината со образложение за извршувањето на нивните финансиски планови. | Општински буџетски единки |
Најдоцна до 28 февруари во тековната година , за претходната година | Се изготвува и доставува Годишната сметка на буџетот до Советот на општината. | Градоначалник |
Најдоцна до 15 март во тековнатата година, за претходната година | Се донесува Годишната сметка на буџетот. | Совет на општина |
Најдоцна до 31 март во тековнатата година, за претходната година | Годишната сметка на буџетот се доставува до Министертвото за финансии. | Градоначалникот |
Најдоцна до 30 април | Подготовка и доставување на кварталните извештаи (К1,К2 и К3) за 1 квартал од тековната година со образложение за извршување на буџетот до Министерство за финансии и Совет на општина. | Градоначалник, Сектор/Одделение за финансии |
Најдоцна до 31 јули | Подготовка и доставување на кварталните извештаи (К1,К2 и К3) за 2 квартал од тековната година со образложение за извршување на буџетот до Министерство за финансии и Совет на општина. | Градоначалник, Сектор/Одделение за финансиски прашања |
До 30 Септември | Министерот за финансии доставува буџетски циркулар со насоки за изготвување на Предлог-буџетот за наредната година до општината. | Министерство за финансии |
Октомври | Анализа на фискалниот капацитет на општината и комуникација со секој од клучните сектори и одделенија во општината (со цел утврдување на нивните фискални потреби (буџетски трошења) во контекст на нивните планирани програми и активности). Усогласување на аналитичките информации со целите/приоритетите/ активностите на секој од општинските сектори и одделенија. | Општинска администрација/ Сектор-одделение за финансиски прашања |
Октомври | Одговорните одделенија за подготовка на Годишните програми ги доставуваат предлог-пресметките за наредната година со образложение за висината на износите по позиции. | Општинска администрација |
Октомври | Одделението за финансиски прашања врши преговарање и анализирање на доставените предлог-програми и пресметки и ги одредува приоритетите и одредбите за новиот Предлог-буџет. | Градоначалник , Сектор/Одделение за финансиски прашања |
Октомври / Ноември | Организирање на буџетски форуми со граѓаните и посебните засегнати страни. На овие форуми може да се разгледуваат нацрт-развојните и нацрт-годишните програми. Бројот на форумските сесии обично е дефиниран во согласност со специфичноста и приоритетите на општината (4-5) и временски усогласен со останатите буџетски чекори. | Градоначалник/Општинска администрација |
Најдоцна до 31 октомври | Подготовка и доставување на кварталните извештаи (К1,К2 и К3) за 3 квартал од тековната година со образложение за извршување на буџетот до Министерство за финансии и Совет на општина. | Градоначалник, Сектор/Одделение за финансиски прашања |
Најдоцна до 15 ноември | Се финализираат, разгледуваат и усвојуваат Планот на програмите за развој и Годишните програми за наредната фискална година. | Совет на општина |
Ноември | Барање за доставување на годишните финансиски планови на сите сметки за наредната фискална година до буџетските единки за да се имплементираат во Предлог – Буџетот. | Буџетските единки |
Крај на ноември/ почеток на декември | Доколку има издржана сугестија/забелешка од јавноста на (буџетските форуми ) и нивните изгласани преоритети да се имплементираат во предлог – буџетот за наредната фискална година . | Градоначалник |
Декември | До Советот се доставува конечен Предлог-буџет од страна на Градоначалникот со соодветно образложение. | Градоначалник |
Декември | Се води расправа во телата на Советот на Општината. | Совет на општина |
Крај на декември | – Донесување на Буџетскиот календар; – Донесување на Буџетот за наредната буџетска година; – Донесување на Одлука за извршување на буџетот на општината; – Донесување на Одлука за вредноста на бодот за пресметување на платата на државните службеници. |
Совет на општина |
Член 2
Буџетскиот календар на Општина Крива Паланка за 2023 година влегува во сила со денот на донесувањето и ќе се објави во „Службен гласник на Општина Крива Паланка“, а ќе се применува од 1 Јануари 2023 година.
Бр. 09 – 4898/19 СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
22 . 12 . 2022 година Претседател,
Крива Паланка Изабела Павловска