Одржана првата сесија од буџетски форум за 2017 година

Локалната самоуправа на општина Крива Паланка трета година по ред активно ги вклучи граѓаните во керирањето на буџетот за следната година преку буџетски форум. Првата сесија од буџетски форум 2017 година како демократска алатка и принцип за консултација на граѓаните се одржа како последователна сесија и истата опфати презентација на прифатените и реализирани проекти од минатата година.

-Трета година по ред на овој начин се донесуваат  и усвојуваат предлози во буџетот за претстојната година. Граѓаните кажуваат, даваат насоки и сугестии за тоа како да бидат потрошени нивните пари, инвестирани во инфрастуктура, локален-економски развој, комунални дејности, образование, спорт и друго. Од вкупно предложените 134 прокети лани, прифатени беа 96, а од нив, релизирани се речиси 80 отсто, изјави градоначалникто Арсенчо Алексовски, кој елаборираше пред граѓаните за сите проекти поединечно.

На сесијата беа вклучени оперативна група од општинската администрација, градоначалникот, претставници од граѓанскиoт сектор и останати грaѓани заинтересирани за креирање на буџетот за наредната година.

-Општината која  е спремна да спроведе форум е транспарентна општина,  вклучувајќи ги активно граѓаните во одлучувачките процеси создава поголема доверба кај нив. Граѓаните имаа можност на оваа сесија да ја видат структурата на буџетот за 2016 и да ја погледнат проекцијата на приходи на општината за 2017 година. Најважен е демократскиот принцип на форумот, кој со водењето дискусии на маси и коориднација на вклучените граѓани, овозможува носење одлуки со консензус и нивно предлегање во вид на проекти до општината, информира Лидија Митовска, модератор на форумот.

Истакна дека од вкупно прифатените 96 проекти лани, 60 отсто се комплетно реализирани, додека околу 20 отсто се делумно реализирани или се во фаза на реализација, со што успешната реализација од околу 80 отсто е императив за спроведување нов успешен буџетски форум годинава.

Пред граѓаните беа претставени пет програми за следната година, за локален-економски развој, реконструкција, одржување и заштита на локална патна мрежа, јавно осветлување, образование и уредување градежно земјиште, по кои се водеа дискусии со предлози на граѓаните.

Во буџетот на општина Крива Паланка  за 2016 година година од планираните приходи од 437,5 милиони денари до 30 септември годинава реализирани се 236,8 милиони, додека остварени се расходи од 205 милиони денари. Според проекциите следната година се очекуваат приходи повисоки за два отсто.

Првиот буџетски форум во Крива Паланка е одржан во 2014 година во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка, МЦМС и ЗЕЛС. Ова е втор општински буџетски форум со кој се предвидени уште две последователни сесии закажани за 22 и 29 ноември на кои ќе бидат одредени прифатените проекти од страна на општината, додека во 2017 ноември ќе се одржи форумска сесија на која ќе бидат презентирани реализираните проекти прифатени во буџетот.

[embpicasa id=”6353468399476829409″]

Големина на фонт
Контраст