Санација и асфалтирање на пешачкот мост кај Основното училиште „Јоаким Крчовски“

Поради дотраената и руинирана асфалтна површина,  Општина Крива Паланка во текот на изминатите денови изврши санација и асфалтирање на пешачкот мост т.н Градечки Мост кој ги спојува делот кај Основното училиште „Јоаким Крчовски“ со пристапниот тротарски  дел на магистралата М2. Мостот е со должина од 44 метри и ширина од 3.8 метри, а вкупно беа вградени околу 170 м2 нов асфалт.

Во текот на наредните денови целосно ќе биде асфалтиран и пристапот помеѓу Основното училиште „Јоаким Крчовски“ и градскиот парк кој е со површина од 150 м2.

Изведувач на градежните работи е градежната фирма „Лабино –Трејд“ од Гостивар. Градежните активности продолжуваат и во текот на наредните денови согласно предвидената динамика и временските услови.

imag3436-medium imag3437-medium imag3438-medium imag3442-medium

Големина на фонт
Контраст