Санација на дел од улицата „Илинденска“

Општина Крива Паланка во рамките на Програмата за изградба, реконструкција ,одржување и заштита на локална патна мрежа за 2016 година во Општина Крива Паланка , започна со градежни работи за санација на дел од улицата  „Илинденска“.  Се санира дел од улицата со должина од околу 185 метри и се очекува да бидат заменети околу 850 м2 оштетен асфалт.

Градежните активности околу санација на улиците во градот продолжува и во текот на наредните денови согласно предвидената динамика и временските услови.

Изведувач на градежните работи е градежната фирма „Лабино-Трејд“ од Гостивар.

12991065_723859107757233_890221624689074580_n 13055693_723859104423900_5597512842535885917_o