Новогодишни пакетчиња за најмалите

По повод претстојните новогодишни празници, традиционално и оваа година градоначалникот на општина Крива Паланка, г.Арсенчо Алексовски, заедно со претставници на општинската администрацијата беше во посета на неколку установи. Градоначалникот им ги честита претстојните празници на најмалите со пригодни новогодишни пакетчиња, а присуството на Дедо Мраз ја надополни празничната атмосфера.

Најпрвин беа посетени клоновите на детската градинка „Детелинка“, а потоа беше посетено  и Одделението за дневен престој на лица со ментална и физичка попреченост при ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа.

String could not be parsed as XML

Предновогодишното дружење продолжи во Големата сала на општина Крива Паланка каде им беа подарени новогодишни пакетчиња на деца на самохрани родители и на деца без родителска грижа сместени во згрижувачки семејства.