Учениците го посетија градоначалникот по повод новогодишните празници

Учениците од ООУ Јоаким Крчовски со наставничката Јагода Ангеловска го посетија градоначалникот Арсенчо Алексовски по повод новогодишните празници. Во рамки на посетата учениците му подарија пригодни подароци на Градоначалникот кои сами ги имаат изработено.
Исто така и дечиња корисници на услугите на ученичкиот дом Боро Менков Крива Паланка заедно со директорката Валентина Јовевска го посетија Градоначалникот, му подарија пригодни новогодишни поклони, а изрецитирана и новогодишна песничка.
Градоначалникот Алексовски на сите дечиња им посака Среќна Нова Година и новогодишни празници, пожелувајќи им многу здравје, среќа и секако успех во учењето.

[embpicasa id=”6233236637422163809″]

Големина на фонт
Контраст