Промовирано делото „Од обред до театар“ од проф. д-р Тихомир Стојановски

Во рамки на Меѓународниот  театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, вчера во просториите на Градскиот музеј во  Крива Паланка, беше промовирано делото „Од обред до театар“ од проф. д-р Тихомир Стојановски.

Тихомир Стојановески е вонреден професор по предметот „Сценски говор со техника на глас“ на Факултетот за драмска уметност во Скопје. Автор е на 18 книги од областа на театарот, романи, драми, а покрај тоа го возобновил и театарот „Скрб и утеха“ во кој игра како актер и режира.

Промотори на делото беа актерот Страшко Милошевски и писателот Гоце Ристевски.