Училишното ѕвонче заѕвони

Првиот училишен ден од учебната 2017/2018 година Крива Паланка по традиција ja исполни џагор и раздвиженост. Разделбата со родителите и првата средба со  училишните клупи ги исполнија училиштата со радост и емоции. Во оваа учебна година во основните училишта „Илинден“ и „Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка се запишани вкупно 190 првачиња.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка г.Арсенчо Алексовски на сите првачиња им посака  добредојде и одлични успеси во понатамошните години на школување и ги развесели со подароци кои ќе им послужат во текот на учебната година. Учениците од поголемите одделенија ги пречекаа првачињата и го поздравија Градоначалникот со весели песни и игри.

[embpicasa id=”6461895801924523169″]

 

Големина на фонт
Контраст