Известување за новоформираните фирми

Ги известуваме сите ново формирани фирми  ДООЕЛ и ТП  (преку проектот за самовработување) дека се должни да поднесат Пријава за комунална такса- ФИРМАРИНА во законскиот рок од 30 дена од формирањето, односно од регистрација во Централен регистар на Р.Македонија. 


Во спротивно  врз основа на член 12 став 1 и 3 од Законот за комуналните такси, ќе се задолжувате, покрај со редовната, со зголемена такса од 30% бидејќи во законскиот рок немате  поднесено
 пријава.

Информации и поднесување на потребни документи во канцеларија бр.3 Оделение за финансии во Општина Крива Паланка.

Општина Крива Паланка