Дневен ред на 20-та седница на Совет

Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка свикува  20-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 27.09.2010 година (понеделник) во 14 часот.

Седницата ќе се одржи со следниот

 Д н е в е н   р е д:

          Усвојување на Записникот од 19-та седница на Советот.
1. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за реализацијата на Годишната програма за работа на Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка во учебната 200
9/2010 година;
2. Предлог – Одлука за усвојување на Годишна програма за работа на Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка во учебната 2010/2011 година;
3. Предлог – Одлука за давање согласност на барањето за формирање на паралелки со помал број на ученици;

4. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа на Основното училиште „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка за учебната 200
9/2010 година;
5. Предлог – Одлука за усвојување на Годишна програма за работа на Основното училиште „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка за учебната 20
10/2011 година;
6. Предлог – Одлука за усвојување на Годишен извештај за работа на Основното училиште „Илинден“ – Крива Паланка за учебната 200
9/2010 година;

7. Предлог – Одлука за усвојување на Годишна програма за работа на Основното училиште „Илинден“ – Крива Паланка за учебната 2010/2011 година;
8. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа на Општински ученички дом „Боро Менков“ – Крива Паланка за учебната 200
9/2010 година;
9. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на Општински ученички дом „Боро Менков“ – Крива Паланка за учебната 20
10/2011 година;
10. Предлог – одлукла за усвојување на Годишен извештај за работа на Општинска јавна установа за деца – Детска градинка „Детелинка“ – Крива Паланка за учебната 200
9/2010 година;
11. Предлог – Одлука за усвојување на Годишна програма за работа на Општинска јавна установа за деца – Детска градинка „Детелинка“ – Крива Паланка за учебната 20
10/2011 година;
12. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за безбедносната состојба во областа на јавната безбедност во првите 6 месеци од 20
10 година;
13. Иницијатива за започнување постапка за именување на имиња на улици
, плоштади и мостови  и други инфраструктурни објекти  во Општина Крива Паланка;
14.  Усвојување на предлог – листа  на улици;

15. Предлог – Одлука за именување на Плоштад „Карпошово востание“;

16. Предлог – Одлука за подигање на спомен обележје на Македонскиот ајдутски Војвода Карпош;
17. Предлог – Одлука за измени и дополнувања на Буџетот на Опшатина Крива Паланка за 2010 година;

18. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2010 година;

19. Предлог – Одлука за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови и локална урбанистичка планска документација за Општина Крива Паланка за 2010 година;

20. Предлог – Одлука за утврдување потреба од изработка на локална урбанистичка планска документација за градежна парцела составена од к.п.бр. 350 во КО Крива Паланка;

21. Предлог – Одлука за утврдување потреба од изработка на локална урбанистичка планска доклументација за градежна парцела составена од к.п.бр. 302 во КО Крива Паланка;

22. Предлог – Одлука за усвојување на Елаборат од Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата од природни непогоди во Општина Крива Паланка;

23. Предлог – Одлука за примање на донација на противпожарно возило;

24. Предлог – Одлука за давање приоритет на проект „Изградба и реконструкција на локални патни правци на подрачјето на Општина Крива Паланка;

25. Предлог – Одлука за давање согласност за подготовка, аплицирање и имплементација на проект „Меѓуопштинска соработка за унапредување на животната средина“;

26. Предлог – Одлука за усвојување на Деловник за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Општина Крива Паланка;
27. Предлог – Одлука за определување на опфатот на урбани заедници во градот и месните заедници во населени места; и

28. Предлог – Одлука за усвојување на правила за работа на облиците на месна самоуправа во Општина Крива Паланка.    
   

Совет на општина Крива Паланка  
Претседател,
Миле Милковски