Покана за втората сесија на буџетскиот форум за креирање на буџетот за 2017

Почитувани,

На 22 ноември  (вторник ), со почеток во 12 часот, во ресторан „Облаче“, ќе се одржи втората сесија  од  буџетски форум, во организација на Општина Крива Паланка  со цел креирање на буџетот на општината за 2017 година.

Сите заинтересирани граѓани можат активно да се вклучат и да учествуваат во креирањето на буџетот на Општина Крива Паланка  за 2017 година.

Oпштина Крива Паланка, во периодот на месец ноември и  месец декември 2016г., по трет  пат, како и изминатите  години,  при креирање на буџетот на општината за 2017,  ќе реализира  „БУЏЕТСКИ ФОРУМ 2017“,  со цел консултација на граѓаните во процесот  на подготовка  на буџетот на општината за 2017 година.

Накратко кажано креирање на буџет по мерка на граѓаните, согласно нивните потреби и приоритети !

Го покануваме  сите заинтересирани граѓани кои имаат можност да ни се приклучат и бидат дел во креирањето на буџетот за 2017 година, согласно нивните потреби и приоритети.

Oбезбеден e организиран превоз на учесниците до и од ресторан „Облаче“  во 11 часот  и  45 минути  од  пред зградата на општина Крива Паланка.

 

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

Градоначалник,
Арсенчо Алексовски