Покана за манифестацијата „Еко храна“

На 19.11.2016 година (сабота) во Крива Паланка ќе се одржи манифестацијата „ЕКО ХРАНА“. Манифестација ја негува традицијата, етнологијата-фолклорот со цел зачувување и промоција на производството на здрава храна – традиционалното  еколошко земјоделие, вкусот на традицијата, националното и културно  богатство  и наследство од нашите  предци.

Манифестацијата ќе се одржи на централниот градски плоштад со почеток во 12 часот.

ПРОГРАМА

12:00 Почеток, официјален страт на програмата

12:10 Поздравен говор на Градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски

12:15 Настап на Културно –уметничко друштво „8 Октомври“

12:25 Разгледување на штандовите со изложени еколошки произведени и органски продукти

12:40 Презентација на  специјалитети од компир (претходно подготвени, објаснување на состојки, начин на подготовка)

13:15 Дегустација и оценување на специјалитетите

13.30 Настап на Културно уметничко друштво „Карпош“

13:40 Настап на фолк пејачот Нино Величковски

14:10 Изложба на цртежи на тема еко-храна/изработки од ученици од Детска градинка, „Детелника“

14:20 Рецитирање/читање стихотворби на тема „еко-храна“

14:30 Презентација на специјалитет од ученици од угостителска паралелка на Средно-општинско училиште Ѓорче Петров, Крива Паланка

14:40 Доделување награди во повеќе категории, најуспешни рецепти, специјалитети, најрепрезентативни производи

14:50 Настап на Културно-уметничко здружение Фолклористи

15:00 Официјално затворање на манифестацијата

 

plakat_ko_hrana