ЈАВЕН ПОВИК за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови на територијата на општината Крива Паланка за 2016 година

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“ бр.199/14; 44/15; 193/15; 31/16 и 163/16) Градоначалникот на општината Крива Паланка го донесува следното

СООПШТЕНИЕ
Се известуваат правните и физичките лица  дека се распишува:

ЈАВЕН ПОВИК за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови на територијата на општината Крива Паланка за 2016 година

Јавниот повик се распишува согласно член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“ бр.199/14; 44/15; 193/15; 31/16 и 163/16) во  третиот квартал од 2016 година.

  • Во периодот од 31 ден сите заинтересирани правни и физички лица можат да достават иницијативи за изработка на урбанистички планови од членот 7 став 1 точка 2 алинеи 2, 3 и 4 од горенаведениот Закон;
  • Јавниот повик ќе трае од 13.09.2016 година до 13.10.2016 година сметано од објавата во дневниот весник „Нова Македонија“;
  • Јавниот повик ќе биде објавен и на веб страната на општината Крива Паланка, на огласна табла во општината, во информацискиот систем е-урбанизам и преку објава во службено гласило на општината Крива Паланка.
  • Заинтересираните правни и физички лица иницијативите можат да ги достават во писмена форма преку архивата на општината Крива Паланка до одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во горенаведениот рок.
  • За сите прифатени иницијативи подносителите ќе бидат информирани во писмена форма или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во рок од 15 работни дена од истекот на рокот за поднесување на иницијативите;
  • Прифатените иницијативи од јавниот повик ќе бидат вградени во програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општината Крива Паланка за 2016 година;

                                                                                                     ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Дипл.правник Арсенчо Алексовски

 

Големина на фонт
Контраст