Известување за граѓаните – КРАИШТЕ 2016

Почитувани граѓани,

Во местото Голеш, село Голема Црцорија, на тромеѓето помеѓу Р.Македонија, Р. Србија  и Р.Бугарија, на 12.07.2016 (вторник) на големиот христијански празник Петровден ќе се одржи трилатералната традиционална меѓународна средба „КРАИШТЕ 2016“. Манифестацијата е во организација на општините Крива Паланка, Босилиград и Ќустендил.

Границата ќе биде отворена од 8 до 20 часот.

Граѓаните државната граница може да ја преминуваат со важечки лични карти или патни исправи.

Општина Крива Паланка