Дневен ред на 34-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 37, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 3 од Деловодникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 34-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 22.06.2016 година (среда) во 15,00 часот.

Дневен ред:

– Усвојување на Записник од 33-та седница на совет.

  1. Предлог – Одлука за процена на пазарна вредност по зони на недвижен имот, градежно изградено, неизрадено и земјоделско земјиште во Општина Крива Паланка за 2016 година;
  2. Предлог – Одлука за давање согласност за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време во ОУЈДГ „Детелинка“ – Крива Паланка;
  3. Предлог – Одлука за утврдување услови и критериуми за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, поставување на табли за имиња на улици, плоштади , мостови и други инфраструктурни објекти, поставување табли со нумерирање на објекти во Општина Крива Паланка , како и определување на висина на трошоци за поставување на табли за имиња на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во Општина Крива Паланка;
  4. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп.бр.6748 во КО Крива Паланка Општина Крива Паланка;
  5. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп.бр.354 во КО Б’с, Општина Крива Паланка – за Драган Димитриевски;
  6. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп.бр.354 во КО Б’с Општина Крива Паланка Тони Димитриевски;
  7. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп.бр.354 во КО Б’с Општина Крива Паланка – Моме Петковски;
  8. Предлог – Одлука за предавање на Фекална канализација во Бојанов дол на ЈП „Комуналец“ – Крива Палнака;
  9. Советнички прашања.

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

Претседател,
М-р. Борче Стојчевски,с.р.