Oдбележување на Зелената недела на ЕУ во Крива Паланка

Почитувани,

Ве информираме дека Општина Крива Паланка-ЕУ Инфо точката, во соработка со ЕУ Инфо центарот при Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, од 13 до 19.06.2016 година, со повеќе пригодни активности ја одбележува зелената недела на ЕУ 2016, под мотото „Инвестирање  за позелена иднина”.

По тој повод, Општина Крива Паланка-ЕУ Инфо точката, на 16.06.2016 година (четврток), на платото во градскиот парк, во центарот на  Крива Паланка во 12 часот, организира еколошки хепенинг „Инвестирање  за позелена иднина“.

Манифестацијата -еколошки хепенинг по повод одбележувањето на Зелената недела  на ЕУ 2016, содржи повеке компоненти и тоа музички дел, еколошки рецитал – речник, читање на еколошки пораки, ликовен хепенинг, поделба на флаери, летоци и друг материјал  со кратки еколошки пораки и слично.

На манифестацијата ќе земат учество ученици од ООУ„Илинден“ од Крива Паланка и членовите при ликовниот клуб при Центарот за култура во Крива Паланка.

Општина Крива Паланка Ве поканува да присуствувате на овие настани и заеднички да ја одбележиме  Зелената недела на ЕУ 2016.

 

                                                                                Општина Крива Паланка
                                                                                         Градоначалник
                                                                                    Арсенчо Алексовски

Големина на фонт
Контраст