Доделени наградите за избор на идејно архитектонско урбанистичко решение на плоштадот во централното градско подрачје во Крива Паланка – плоштад „ВМРО“

По објавување на конкурсот за избор на идејно архитектонско урбанистичко решение на плоштадот во централното градско подрачје во Крива Паланка – плоштад „ВМРО“, на 11.05.2016 година се спроведе јавно отворање на пристигнатите идејни решенија.

На овој објавен конкурс пристигнаа 4 идејни решенија под  соодветни шифри.

Жири – Комисијата по разгледување на идејните решенија едногласно одлучи:

-Првата награда да биде доделена на идејното решение со шифра СИД-16

-Втората награда да биде доделена на идејното решение со шифра 111

-Трета награда да биде доделена на идејното решение со шифра Паланка 2017

Врз основа на идејните решенија ќе се распише јавна набавка за изработка на проект за изградба на плоштадот  ВМРО.

Конкурсот се спроведе по претходно донесена одлука од страна на Советот на Општина Крива Паланка за објавување на конкурс за избор на идејно архитектонско урбанистичко решение на плоштадот во централното градско подрачје во Крива Паланка – плоштад ВМРО.

Донесувањето на ваква одлука од страна на Советот ја иницираше Градоначалникот на Општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски.

[embpicasa id=”6285536350676635489″]

Големина на фонт
Контраст