ПОВИК за ангажирање на локален тренер/ментор во работен клуб во Крива Паланка

Центарот за економски анализи ЦЕА и Федерацијата на фармери на Република Македонија, го спроведуваат проектот “Создавање на можности за младите од руралните средини“, финансиран од програмата на ИПА – Развој на човечки ресурси, на Европската Унија.

Проектот има за цел да го олесни вклучувањето на младите од руралните средини на пазарот на трудот во Североисточниот регион во Македонија (СИ регион). Оваа заедничка цел ќе се постигне преку: 1) зголемување на вештини и разбирање на вработеноста на младите од руралните средини, 2) изградба на регионален систем за развој на работна сила, и 3) развивање на регионална стратегија за социјално вклучување на пазарот на трудот на целните групи.

Со проектот се поддржува социјално вклучување на младите од руралните средини преку зголемување на вештините за вработување, обука и поддршка за подобро користење на програми и ресурси за вработување, со што ќе се придонесе за економскиот и социјалниот развој на општините во североисточниот регион во Македонија. Придобивките од проектот се од особено значење за младите од руралните средини и за бизнисите во целниот регион.

Еден од начините за постигнување на целите на проектот е отворање на Работни клубови  во рамките на

  1. Општина Липково
  2. Општина Старо Нагоричане и
  3. Општина Крива Паланка

кои ќе придонесат за зголемување на капацитетите на младите невработени од тие општини преку овозможување на практикантска работа во работните клубови како и практиканство кај компаниите во регионот.  За непречено функционирање на Работните клубови потребни се 3 лица, по едно лице во секоја општина.

Повик за тренери ва Работен клуб 

Образец за пријавување