Дневен ред на 32-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 37, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 3 од Деловодникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 32-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 22.04.2016 година (петок) во 15,00 часот.

Д н е в е н   р е д:

 Усвојување на Записник од 31-та седница на Советот

  1. Предлог – Одлука за усвојување на Планот за територијален опфат за собираање комунален отпад на територија на Општина Крива Паланка:
  2. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај на ЈП „Комуналец“ за 2015 година;
  3. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на ЈП „Комуналец“ за 2016 година ;
  4. Предлог – Одлука за давање на управување на водовод во с. Варовиште Крива Паланка;
  5. Предлог – Одлука за давање на управување на водовод во с. Конопница (за маалите Дубрава, Рампа, Стублица и Кула) – Крива Паланка;
  6. Предлог – Одлука за давање на управување на водовод Змајевац (с.Дурачка Река, с.Кошари и населба Маневци) Крива Паланка;
  7. Предлог – Одлука за дополнување на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локална патна мрежа во Општина Крива Паланка за 2016 година;
  8. Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за поставување на урбана опрема на територијата на Општина Крива Паланка;
  9. Предлог – Одлука за утврдување на условите за начинот на градење во с.Дубровница КО Дубровница за која нема важечки урбанистички план;
  10. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп.бр.745 и 746 во КО Лозаново Општина Крива Паланка;
  11. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп.бр.32 во КО Мартиница, Општина Крива Паланка;
  12. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп.бр.7587/1 во КО Конопница, Општина Крива Паланка;
  13. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп.бр. 150 во КО Конопница, Општина Крива Паланка;
  14. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп.бр. 744/2 во КО Лозаново, Општина Крива Паланка;
  15. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп.бр. 5095/1 во КО Жидилово, Општина Крива Паланка;
  16. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп.бр. 4468 во КО Крива Паланка Општина Крива Паланка;
  17. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп.бр. 5095/16 во КО Жидилово, Општина Крива Паланка;
  18. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп.бр. 4193 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
  19. Предлог – Одлука за давање согласност за изведување на ученички екскурзии на ОО „Илинден“-Крива Паланка;
  20. Предлог – Одлука за давање согласност на Решение за именување на претставник во Управниот одбор на ОЈУДГ „Детелинка“-Крива Паланка;

 

 СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

Претседател,
М-р. Борче Стојчевски,с.р.