Презентација на проектот „Купи куќа за млади“

Во среда 23.03.2016 година со почеток во 17 часот ќе се изврши презентација на проектот – Купи куќа за млади.

Преку оваа активност, младите ќе имаат можност да се информираат за владиниот проект преку кој може да дојдат до сопствен дом. Проектот е своевидна и многу поволна мерка на Владата на Република Македонија преку кој многу полесно и со помали средства може да се дојде до својот очекуван и заслужен дом.

Во среда ќе се презентираат моделите кои ги нуди проектот, а за кој се заинтересирани голем број кривопаланчани, кои ќе бидат запознаени со поволностите кои ги нуди проектот, а во насока да го решат своето станбеното прашање.

Општината Крива Паланка се вклучи активно во реализацијата на овој проект и тоа преку пронаоѓање и обезбедување на соодветни локации на кои заинтересираните граѓани би можеле да ги изградат новите куќи. Како локација која е предвидена во Крива Паланка за изградба на типска населба е местото викано Златина Падина.

Ги покануваме сите заинтересирани граѓани на Крива Паланка да присуствуваат на презентацијата на проектот „Купи куќа за млади“ која ќе се одржи во големата сала при општината Крива Паланка со почеток во 17.00 часот.

Големина на фонт
Контраст