Известување за граѓаните – прослава на големиот христијански празник Богојавление – Водици

Почитувани сограѓани,

На ден 19.01.2016 (вторник) од 08.00 до 11.00 часот во организација на Општина Крива Паланка и на Македонската Православна Црква, Кумановско-осоговска епархија ќе се одбeлежи големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Фрлањето на крстот ќе се случува во 10 часот, од мостот што води кон населбата „Бавчалк“, популарно викан Шанин мост.

Сите заинтересирани верници кои ќе скокат по крстот во водите на Крива Река потребно е да достават потврда од лекар за психофизичка способност, во црквата Свети Димитрија.

 

Општина Крива Паланка

Големина на фонт
Контраст