Известување за граѓаните -трета сесија од буџетскиот форум

Почитувани,
На 17 декември (четврток), со почеток во 10 часот, во големата сала на Општина Крива Паланка, ќе се одржи третата сесија од буџетски форум, во организација на Општина Крива Паланка, со цел креирање на буџетот на општината за 2016 година.
Oпштина Крива Паланка, во периодот на месец ноември и месец декември 2015 година, по втор пат, како и минатата година, реализира „БУЏЕТСКИ ФОРУМ 2016“, со цел партиципативно и транспарентно изготвување на буџетот на општината за 2016 година заедно со граѓаните.
Накратко кажано креирање на буџет по мерка на граѓаните !
Ги покануваме сите заинтересирани граѓани да земат учество во креирањето на буџетот за 2016 година, согласно нивните потреби и приоритети.

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Арсенчо Алексовски