Мајкрософт Македонија организира натпревари за наставници и ученици

Мајкрософт Македонија организира два натпревари за сите наставници од основните и средните училишта во Македонија:
1. Натпревар за Мајкрософт експерт наставник од Македонија (Microsoft Innovative Educator (MIE)) и
2. Натпревар за најиновативни наставници од Македонија во рамки на регионалниот ЦИЕ MIXathon предизвик за 2015-2016 година

И натпревар за ученици и студенти:
1. Натпревар за Microsoft Office Specialist кој ги тестира вештините на учениците и студентите од 13 до 23 години во познавање на Microsoft Апликациите.

Учеството на натпреварите е уште една можност Вие како наставници да се промовирате, но и да освоите вредни награди.

Победниците на натпреварите ќе бидат прогласени на голем настан кој ќе се одржи во втората половина на месец декември, и истите ќе ја претставуваат Македонија на регионално и светско ниво.

Учеството на натпреварите е едноставно за што може подетално да прочитате во документите кои се во прилог на пораката, но и на нашиот блог на кој се ставени објавите за гореспоменатите натпревари.

За сите дополнителни информации околу натпреварите и начинот на пријавување Ве молам контактирајте ме на следниот маил: [email protected] или на следниот телефон 070 327 484.

Мајкрософт натпревар за наставници

Макјкрософт натпревар за наставници и ученици

Големина на фонт
Контраст