Вечерва започнува седмиот Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

Почитувани сограѓани,

Општина Крива Паланка има особена чест и задоволство  да Ве покани на седмиот Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, во веќе востановениот период од 14-23 септември. Свеченото отварање на фестивалот ќе биде на 14.09.2015 година (понеделник), во 20:00 часот, со кревање на фестивалското знаме и доделување на наградата на овогодинешниот лауреат, познатиот наш драмски писател и критичар, г-дин Јордан Плевнеш.

Прилог ПРОГРАМА

Големина на фонт
Контраст