Известување за граѓаните за привремен граничен премин

Почитувани сограѓани,

Ве известуваме дека поради чествувањето на празникот 8 Септември, Ден на независноста на Република Македонија, на 08.09.2015 (вторник) државната граница ќе биде отворена кај граничен камен 12 помеѓу селата Огут, Крива Паланка и Лесница, Република Србија каде и ќе се врши гранична контрола во време од 08.00 до 20.00 часот.

Граѓаните државната граница може да ја преминуваат со важечка лична карта или патна исправа, а за моторни возила (ПМВ, моторцикли и комби) потребен е зелен картон.

Големина на фонт
Контраст