Известување за граѓаните

Почитивани граѓани,

Ве известуваме дека утре 20.08.2015 (четврток), со почеток во 08:00 часот градоначалникот на општина Крива Паланка г-дин Арсенчо Алексовски ќе гостува на првата програма на МТВ во утринската емисија „Македонија наутро“. Во емисијата градоначалникот  ќе зборува за културните настани односно за претстојниот Музички фестивал JOYFEST , за Меѓународниот фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ и за Меѓународниот театарскиот фестивал„Свети Јоаким Осоговски“.