Известување за граѓаните

Почитивани граѓани,

Ве известуваме дека утре 12.08.2015 (среда), во 07:45 часот, градоначалникот на општина Крива Паланка г. Арсенчо Алексовски ќе гостува на Алфа телевизија во утринската емисија „Почнува Ден“. Во емисијата градоначалникот ќе зборува за културните настани односно за претстојниот Музички фестивал JOYFEST, за Меѓународниот фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ и за Меѓународниот театарскиот фестивал „Свети Јоаким Осоговски“.