Дневен ред на 19-та седница на Советот

Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка  с в и к у в а   19-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 16.08.2010 година (понеделник) во 14 часот.

   
Седницата ќе се одржи со следниот

Д н е в е н   р е д

 – Усвојување на Записник 18-та седница на Совет.
1. Презентација и Извештај од спроведена постапка од Комисијата за спроведување на Јавно приватно партерство од  отварање на јавен повик 01/10 за изградба на административно деловна зграда;
2. Предлог – Одлука за избор на најповолен понудувач од постапката на ЈПП бр. 01/10;
3.  Информација за започнување на јавно приватно партнерство за изградба на гасификација на територија на Општина Крива Паланка;
4. Предлог – Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка К1 и К2 за II квартал за 2010 година;
5. Информација за администрирање  со локални даноци – данок на имот за 2009 и првата половина од 2010 година;
6. Информација за хемиско – билошка анализа на водата на водоводите со кои управува ЈП „Комуналелц“ – Крива Паланка;;
7. Информација за реализација на Програмата за реализација на Елаборатот за режимот на сообраќај во поширокото централно подрачје во градот Крива Паланка за 2009 година;
8. Предлог – Одлука за промена на седиштето на Општина Крива Паланка;
9 .Иницијатива  за измени и дополнување на Статутот на Општина Крива Паланка;
10. Предлог – Одлука за измени и дополнување на Статутот на Општина Крива Паланка;
11. Предлог – Одлука за утврдување потреба од изработка на локална урбанистичка планска документација за КП бр. 210 во КО Варовиште Општина Крива Паланка;
12.  Предлог – Одлука за утврдување потреба од изработка на локална урбанистичка планска документација за КП бр. 3236/1 во КО Конопница Општина Крива Паланка;
13. Предлог – Одлука за утврдување потреба од изработка на локална урбанистичка планска документација за КП бр. 2947/1 во КО  Крива Паланка;
14. Предлог – Одлука за доделување на стипендии за подршка на млади таленти од Општина Крива Паланка;
15. Предлог – Одлука за давање приоритет на проекти за ,,Водоснабдување и Отпадни води“ на подрачјето на Општина Крива Паланка;
16. Извештај   по Елаборатот од Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата од природни непогоди  во Општина Крива Паланка;
17. Предлог – Одлука за усвојување на Елаборатот од Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата од природни непогоди  во Општина Крива Паланка;
18. Предлог – Одлука за основање на традиционална меѓународна општинска културна театарска манифестација „Меѓународен театарски фестивал Свети Јоаким Осоговски“;
19. Правилник за начинот и постапката за реализирање на општинската културна манифестација меѓународен  театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“;
20. Предлог – Одлука за утврдување висината на надоместок на членови на Комисијата за мислење по Нацрт-плановите и одобрување на локална урбанистичка планска документација;
21. Иницијатива на група граѓани за поставување на спомен обележје – биста на трагично загинатиот Миле Крстевски на почетокот од ул. „8-ми Октомври“ пред поранешната зграда на Шумско стопанство во Општина Крива Паланка;
22. Советнички прашања.

 

                                                          СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
                                                         
Големина на фонт
Контраст