ДЕН ЗА ВАС – Информирање на граѓаните за правата од пензиското и инвалидското осигурување

На 10 јуни, од 11.00 до 14.00 часот, на плоштадот во Крива Паланка  ќе се одржи јавен настан „ДЕН ЗА ВАС“ посветен на граѓаните и нивните права од пензиското и инвалидското осигурување.  Настанот го реализираат Министерството за труд и социјална политика во соработка со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија и Агенцијата за капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС).

Основна цел на оваа активност е граѓаните електронски да го проверат стажот на осигурување, платите и другите податоци, односно вработените лица преку непосредна комуникација со вработените од наведените институции да добијат одговори на сите прашања од пензиското и инвалидското осигурување.

Активноста, е дел од програмските цели на Владата на Република Македонија за олеснување на пристапот на граѓаните до институциите и подигање на ефикасноста на јавната администрација.