Стапи во сила Одлуката за промена на имињата на улиците

Почитувани,

Ве известуваме дека стапи во сила Одлуката на Советот на Општина Крива Паланка за измена на имиња на улици вo општина Крива Паланка бр.07-824/13 од 12.03.2010.
Со оваа Одлука се врши измена на следниве улици и тоа:
–    Ул.Маршал Тито  се преименува во ул.Св.Јоаким Осоговски;
–    Ул.29-ти Ноември се преименува во ул.Горан Стојановски;
–    Ул.4-ти Јули се преименува во ул.Момир Стојановски;
–    Ул.Борис Кидрич се преименува во ул.Борис Трајковски;
–    Ул.Иво Лола Рибар се преименува во ул.Јане Јакимовски.

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Арсенчо Алексовски