Се појавија нови свлечишта на територијата на општина Крива Паланка

Локалната самоуправа на општина Крива Паланка деновиве работи на расчистување на дел од новонастанати свлечишта кои се појавија изминатите неколку денови. Поголемиот број од нив се на општествен, но има и неколку на приватен имот-информира градоначалникот на општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

– Многу нови свлечишта деновиве се појавија на територијата на општината, последица од временските неприлики и поројните дождови во изминатиот период . Комисијата за проценка на штетите изврши увид на истите и ги пријави до надлежните државни институции за одобрување на средства за санација, бидејќи во неколку случаи станува збор за свлечишта од поголем обем и општината не е во можност да обезбеди средства за нивна санација-истакна градоначалникот Алексовски.

На сите свлечишта кои се наоѓаат на општествен имот извршена е делумна санација за да се овозможи непречено движење на возилата на патните правци каде истите се настанати.

-Иако дел од свлечиштата се санирани неколку пати во изминатито период, сепак на одредени локации постојано се појавуваат, за што се известени надлежните државни институции со чија помош ќе се извршат неопхподните истражувања и проценки на земјишната клизна површина и гоелмината на опфатот кој е подложен на свлекување за да се изнајде трајно решение на проблемите со свлечиштата – додаде Алексовски.

Што се однесува на свлечиштата кои се на приватен имот, општинската Комисија за проценка на штети од природни непогоди извршила проценка која е доставена до Државната комисија за проценка на штетите, а локалната самоуправа нема надлежност за санација на истите.

Големина на фонт
Контраст