Дневен ред на 15-та седница на Совет

Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка  с в и к у в а   15-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 16.04.2010 година (петок) во 14 часот.

 Седницата ќе се одржи со следниот

Д н е в е н   р е д

 – Усвојување на Записници од  14-та седница на Советот.

1. Информација за едногодишното работење на Градоначалникот на Општина Крива Паланка;
2. Програма за работа на Советот на Општина Крива Паланка за
2010 година;
3. Извештај за работа на Центарот за развој на Североисточен плански регион за 2009 година;
4. Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за извршување на Буџетот за 2010 година;
5. Предлог – Одлука за формирање на Комисија за ставање на печати вон употреба на Општина Крива Паланка;
6. Предлог – Одлука за ставање на печати вон употреба на Општина Крива Паланка;
7. Предлог – Одлука за ставање на печати во употреба со грбот на Општина Крива Паланка;
8. Информација за пристигнати обврски во привот квартал за 2009 година;
9. Предлог – Одлука за измени и дополнување на Статутот на Општина Крива Паланка;
10. Предлог – Одлука за формирање комисија за заштита на пациентите;
11. Предлог – Одлука за усвојвуање на Програма за управување со отпад во Општина Крива Паланка за 2010 година;
12. Предлог – Одлука за давање приоритет за аплицирање во Проект изградба на пешачка и велосипедска патека во должина од 500 м.;
13. Предлог – Одлука за давање согласост за реализирање на Проектот изградба на пешачка и велосипедска патека во должина од 500 м. и обезбедување средства за реализација;
14. Предлог – Одлука за одобрување на Локална урбанистичка планска документација за уредување и користење на просторот во рамките на новоформираната градежна парцела од КП.бр.2891 во КО Конопница – Општина Крива Паланка;
15. Предлог – Одлука за одобрување на Локална урбанистичка планска документација за уредување и користење на просторот во рамките на новоформираната градежна парцела од КП.бр.550/1 и КП бр. 550/2 во КО Дурачка река – Општина Крива Паланка;
16. Предлог – Одлука за одобрување на Локална урбанистичка планска документација за уредување и користење на просторот во рамките на новоформираната градежна парцела од КП.бр.114/1 во КО Б,с – Општина Крива Паланка;
17. Предлог – Одлука за утврдување потреба за поставување на урбана опрема на територијата на Општина Крива Паланка;
18. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на методологијата за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот на Општина Крива Паланка за 2010 година;
19. Предлог –Програма за одбележување на значајни настани  и истакнати личности со спомен –обележја; и
20. Предлог –Одлука  за давање согласност за изградба на настрешници на
новите  градски гробишта село Конопница – Општина Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст