Известување за граѓаните -Обука за собирачите на диворастечки растенија

Почитувани граѓани,

Општина Крива Паланка Ве информира дека на 19 април (недела) со почеток во 10 часот во Мала сала при Советот на Општината ќе се оддржи бесплатна обука за собирачите на диворастечки растенија на територија на Североисточниот плански регион. Обуката е во организација на проектот на УСАИД за мали и средни бизниси, а е поддржана од ЈП Македонски шуми, Центарот за развој на Североисточниот плански регион и Општина Крива Паланка.

Се молат заинтересираните граѓани да се пријавуваат навремено во Одделението за јавни дејности, економски развој и информатичка технологија, најдоцна до 16 април со цел доколку е потребно да формираат повеќе групи.