Дневен ред на 21-та седница на Советот на општина Крива Паланка

Врз основа на член 37, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 3 од Деловодникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 21-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 13.03.2015 година (петок) во 15,00 часот.

Д н е в е н   р е д:

1. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ЈУДГ „Детелинка“ Крива Паланка за 2014 година;

2. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ОУД „Боро Менков“ – Крива Паланка за 2014 година;

3. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ОУ „Илинден“ Крива Паланка за 2014 година;

4. Предлог – Одлука усвојување на Завршна сметка на ОУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка за 2014 година ;

5. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на СОУ „Ѓорче Петрорв“- Крива Паланка за 2014 одина;

6. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка за 2014 година;

7. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ЛУ „Градски музеј“ – Крива Паланка за 2014 година;

8. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на Општина Крива Паланка за 2014 година;

9. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај по Програма за ЛУ „Градски Музеј“ – Крива Паланка за 2014 година;

10. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај по Програмата за уредување на градежно земјиште за 2014 година;

11. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај по Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалната патна мрежа за 2014 година;

12. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај по Програмата за изградба и одржување на водоводна мрежа за 2014 година;

13. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај по Програмата за изградба, реконструкција и одржување на јавното осветлување за 2014 година;

14. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај по Програмата за јавна чистота за 2014 година;

15. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови и локална урбанистичка планска документација во Општина Крива Паланка за 2014 година;

16. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласувње на намените за к.п.бр.388 во КО Станци, Општина Крива Паланка;

17. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласувње на намените за к.п.бр.1669 во КО Жидилово, Општина Крива Паланка;

18. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласувње на намените за к.п.бр.4558 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка; и

19. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласувње на намените за к.п.бр.3227 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка.

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
М-р. Борче Стојчевски,с.р.