Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета

Врз основа на член 50-а став 6 и член 24 став 2 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“ бр.51/05; 137/07; 91/09; 124/10; 18/11; 53/11; 144/12; 55/13; 163/13 и 42/14), градоначалникот на општината Крива Паланка го дава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на јавна презентација и јавна анкета за Нацрт-Локална урбанистичка планска документација за изградба на спортски терени и објекти на дел од к.п.бр.6528 во К.О. Конопница,
Општина Крива Паланка

Јавната анкета по Нацрт-локалната урбанистичка планска документација за изградба на спортски терени и објекти на дел од к.п.бр.6528 во К.О. Конопница во општината Крива Паланка, ќе се одржи од 10.03.2015 година до 17.03.2015 година секој работен ден од 08,оо-16,оо часот во просториите на архивата на општината Крива Паланка.

Нацрт-локалната урбанистичка планска документација ќе биде изложена и во Центарот за култура во Крива Паланка.

Јавната презентација по Нацрт-локалната урбанистичка планска документација за изградба на спортски терени и објекти на дел од к.п.бр.6528 во К.О. Конопница во општината Крива Паланка ќе се одржи на ден 12.03.2015 година во 12,оо часот во големата сала на општината Крива Паланка.

Границата на планскиот опфат е:

На исток со к.п.бр.1429; к.п.бр.1497 и к.п.бр.1498;
На југ границата оди до локален пат;
На запад до граница на к.п.бр.1410; к.п.бр.1411; к.п.бр.1412 и к.п.бр.1413;
На север граница е дел од к.п.бр.6528.

Површината на опфатот е 0.67 ха.

Анкетните листови за учество во јавната анкета се наоѓаат во архивата на општината Крива Паланка и во просториите на одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина при општината Крива Паланка и во горенаведениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават писмени забелешки преку анкетните листови.

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Дипл.правник Арсенчо Алексовски

Големина на фонт
Контраст